Почетна / Сапуници / Нова С со реприза на мексиканската новела „Љубов до смрт“
Секое викенд утро од 6 часот - "Amar a muerte"

Нова С со реприза на мексиканската новела „Љубов до смрт“

Секоја сабота и недела наутро од 6 часот, потсетете се на мексиканската серија “Љубов до смрт”, која со македонски титл ќе се емитува на кабловската Нова С. Приказната започнува со смртта на тројца потполни странци чии души ќе добијат шанса за друг живот.

Бизнисмен, платен убиец и антрополог го губат својот живот во ист момент, по што нивните души ги менуваат телата и добиваат нова задача – да го прифатат фактот дека и понатаму се живи, но осудени на туѓи животи. Антропологот ја добива душата на платениот убиец Џино кој умрел со електро шокови, а пак во телото на платениот убиец влегува душата на тајкунот Леон.

И сега, Џино живее два живота. Неговото тело мора да бега од оние кои го гонат, а пак неговата душа сака да се врати кај неговото богато семејство, кои во меѓувреме приредуваат погреб за умрениот бизнисмен. Џино, односно Леон, сфаќа дека неговата сопруга Лусија го изневерува со неговиот близок соработник, а коцките почнуваат да се склопуваат и кога ќе сфати кој стои зад убиството. Љубов и дилеми – срцето на Леон е сега затегнато меѓу љубовта кон сопругата и желбата да се одмазди за тоа што му беше направено.

Лусија ќе се вљуби во Џино, не знаејќи дека во неговото тело живее нејзиниот сопруг Леон. Патот до среќата нема да биде лесен ни за Лусија. Мислата дека нејзиниот Леон е жив, емоциите кои носат нова љубов и семејството на сопругот кое сака да ја уништи и спречи во превземање на наследството е она со кое мора да се соочи младата девојка и да се избори со сите препреки.

Во главните улоги настапуваат Анжелик Бојер (Тереза, Украдена љубов, Амбис на љубовта) и Мишел Браун (Скриени страсти, Фамилијата Реј, Научи ме да сакам).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денес не смее, но порано и во турските серии имало „скокотливи“ сцени

Ако во денешно време, Турската радиодифузна агенција забранува секаков вид на сцени во кои се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!