Почетна / Сапуници / Известување | „Бeлата робинка“ од сега ќе се емитува во 23.30 часот

Известување | „Бeлата робинка“ од сега ќе се емитува во 23.30 часот

Најскапо снимена серија во историјата на колумбиската телевизиска индустрија со 9,4 милиони долари инвестиција, со што ги надмина бројките вложени во други успешни серии како што се “Чапо” и “Пабло Ескобар”.

“Белата робинка” стана најгледана латиноамериканска теленовела и во Македонија во последните 10 години, а автентичноста на амбиентот и епохата за која говори ги заинтригира гледачите.

Робови во сопственост на богати земјопоседници. Луѓе кои поради бојата на кожата се осудени на терор и понижувања. Луѓе чии судбини однапред некој друг ги контролира.

Ќе успее ли конечно маркизата која порасна како бела робинка, да стави крај на таа страшна доба во историјата на Колумбија?

Не пропуштајте ги новите епизоди на “Белата робиннка” и дознајте повеќе за афроамериканската култура и начин на живот, од сега во 23.30 часот, веднаш по последните вести на Сител.

Значи, во најлоша смисла, робовите биле третирани од многу белци како животни, стока, неуки. Тоа беше деградираната слика што колонијалното ропско општество го градеше од робуваните Африканци и нивните потомци. Сепак ова е серија која потврдува дека робовите во “Белата робинка” се само мал примерок од она што всушност се случувало со африканските робови и сите страдања што се случиле во тоа време на 19. век. Историјата мора да се знае за да не се повтори. Благодарение на серијата е прикажано како цела генерација на робови се бореле за да се постигне укинување на ропството – истражуваа и пренесоа експертите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

error: Содржината е заштитена!