Почетна / МК Сцена / Видео | „Инструментал Бенд“ ве води на патување низ времето

Видео | „Инструментал Бенд“ ве води на патување низ времето

 

Битолската музичката група „Инструментал Бенд“ ги објави првите видеоматеријали од новиот проект насловен како „Времеплов“.

 

Бацила је све низ ријеку од „Индекси“, легендарната Као какао од „Леб и сол“, Моја прва љубав од Хаустор, Боље да сам друге љубио на Кербер, Заставе од Парни ваљак, Ти си сав мој бол од ЕКВ и Ако можеш заборави од Бијело дугме, се песните кои се најдоа на првиот дел од музичкиот проект „Времеплов“.

Музичкиот состав „Инструментал Бенд“ го сочинуваат: Жарко Стојкоски – вокал, Александар Котевски – клавијатура, Димитар Наумовски – тапани, Никола Стојановски – соло гитара и Михајло Манојловски – бас гитара.

Пратечките вокали на проектот ги пее Рената Нечковска, а сите видеозаписи се дело на Куба Видео.

Во продолжение погледнете ги првите две видеа од новиот проект со кој се дава нова свежина и атрактивност на подзаборавените хитови од регионот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!