Почетна / Забава / Дарија Андовска со промоција на „даМар“ за соло виола и гудачки оркестар

Дарија Андовска со промоција на „даМар“ за соло виола и гудачки оркестар

Во Биоскоп Балкан на 2 јули во Белград, се случи светската премиера на најновата композиција на Дарија Андовска, “даМар” за соло виола и гудачки оркестар.

Светската премиера беше во рамките на концертот Balkan Road на ансамблот Метаморфозис, на кој се изведоа дела и од реномираните композитори Фазил Сеј, Александра Вребалов, Дејан Деспиќ, Петар Христосков и Констатин Силвестри.

Композицијата “даМар” на Дарија Андовска е напишана по нарачка и посветена на Саша Мирковиќ, виолист и раководител на ансамблот и етаблираниот Ensemble Metamorphosis специјално за оваа серија концерти.

Концертот се повтори веќе следниот ден, на 3.07.2021, во Нови Сад, а понатаму, освен изведби, ќе биде снимен.

Дарија Андовска е редовен професор на Факултетот за музичка уметност при УКИМ во Скопје, уметнички раководител на фестивалот Денови на македонска музика, добитник на наградата “Панче Пешев” од Сојузот на композитори на Македонија за највисоки достигнувања во музичкото творештво, двоен добитник на наградата “Виртуоз” за најдобар композитор во Македонија, истакнат уметник на град Цирих, еден од најактивните и најизведуваните македонски композитори.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поточиња, Каролина и Тамара на Карпошово културно лето

На платото кај „Млечен” и на плоштадот „Делфина” од 26 до 28 август ќе се …

error: Содржината е заштитена!