Почетна / Телевизија / Сител започна со емитување програма во HD стандард

Сител започна со емитување програма во HD стандард

 

Сител HD – потврдено лидерство
Сител започна со емитување на програмата во HD стандард

 

 

Сител како водечки телевизиски медиум во Македонија секогаш има обврска прв да ги имплементира најновите технички и програмски светски достигнувања.

По теркот на светски познатите телевизии како RTL, BBC, ZDF, SKY, RAI и други, Сител телевизија го воведува највисокиот стандард при емитување на програмата кој се нарекува High Definition или скратено HD.

– „Со новиот HD стандард со висока резолуција, гледачите ќе добијат многу почиста, побистра и појасна слика. Или со други зборови малите екрани ќе станат поголеми“ – вели Ристо Јовковски директор на техника во Сител телевизија.

 

 

Со новиот HD стандард гледачите ке имаат можност да ја следат програмата на Сител со пет пати поквалитетна слика од стандардната. За таа цел, тимот на Сител 4 месеци интензивно работеше на имплементација на највисоките стандарди, преку набавка и монтажа на нови HD камери и нови режии опремени со најнови миксети, матрици, компјутери, монитори, и сето она што е потребно за емитување и снимање на програмата во новиот стандард.

– „Променета е целата опрема. Отсега натаму секоја слика ќе се обработува и архивира во резолуција со висок квалитет (Full HD)“ – објаснува Јовковски.

 

 

Гледачи на Сител ќе уживаат во:
– Супериорен квалитет на сликата
– Богатство од бои
– Висока резолуција
– Подобрен звук
– Детали што го одземаат здивот
– HD Телевизија со нов лик

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …