Почетна / Серии / Ексклузивно | „Gossip Girl“ од септември на МТВ

Ексклузивно | „Gossip Girl“ од септември на МТВ

Меѓу многуте американски серии со кои Македонската радио телевизија ќе ја освои публиката од септември, се истакнува и она најдоброто – Gossip Girl.

 

„Озборувачка“ е американска тинејџерска драмска ТВ серија настаната според серијата книги со истоимениот наслов, на авторката Сесили Вон Зигесер. Автори на серијата се Џош Шварц (Округот Оринџ) и Стефани Савач. Серијата стана глобален феномен најмногу поради интересните тинејџерски содржини и привлечна актерска екипа.

 

 

Број на сезони: 5
Број на епизоди: 111

Серијата започнува со враќањето на Серена Ван Дер Вудсен на Менхетн по школувањето во приватната школа во Конектикат. Блер Валдорф е нејзината долгогодишна пријателка и повремена непријателка, а воедно е и „кралица“ на друштвената сцена на Менхетн. Исто така, серијата го следи и животот на Чак Бас, злобното момче од Upper East Side, Нејт Арчибалд, најдобриот пријател на Чак, и аутсајдерот кој по игра на случајност ќе биде вовлечен во турбулентната сцена на Менхетн – Ден Хамфри, кој е вљубен во Серена. Тука се и Ванеса Абрамс, најдобрата пријателка на Ден, и Џени Хамфри, младата и амбициозна сестра на Ден која најмногу посакува да биде дел од високата елита на Њујорк.

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгиската верзија на познатата „La casa de papel“ на Сител по полноќ

Од понеделник до петок во 00.30 часот на Сител место “Тhe Librarians” ќе се емитува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!