Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Фото | Убавата мисица е новото ТВ лице во „Везилка“ на Алфа

Фото | Убавата мисица е новото ТВ лице во „Везилка“ на Алфа

Од оваа недела во 12 часот, друштво на македонскиот пејач Спасен Силјановски и водителката Адријана Алачки ќе им прави ново тв лице како “појачување” во неделното шоу на Алфа.

Анѓела Јакимовска станува дел од “Везилка”, семејно шоу со многу музика, многу храна, забава и традиции.

Новата водителка на емисијата е инаку манекенка, модел и мисица која гордо ги носи титулите Miss Europe и Miss Globe за 2020 година и Miss Tourism of the world за 2021 година.

Анѓела Јакимовска е манекенката која меѓудругото беше запишана во модната историја како прва Македонка која настапи на модниот викенд во Софија.

Прв пат беше крунисана за трета придружничка на изборот за убавина Мис на летото во Албанија. Насмеаната убавица, сега и водителка на Алфа, влезе и во финалето во топ 30 девојки на натпреварот за Мис Модел на Светот одржан во Кина, Топ 10 девојки на избор за убавина во Камбоџа, а беше крунисана и за најзгодна Европејка во Бејрут.

Таа е воедно и Мис интелигенција, титула којашто ја освои на минатогодишниот натпревар мис Глоуб во Албанија.

Развеселете се со добра македонска музика и искусете го вкусот на традицијата, секоја недела со “Везилка” на Алфа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва гласаме за бројот 1 на 145 333 за победа на Мики во „Гранд“

Македонскиот идол Мики Секуловски е еден од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент …

error: Содржината е заштитена!