Почетна / Сапуници / Фото | Познатиот актер и модел, турскиот Бред Пит посвои магаре
Ново домашно милениче за ѕвездата на "Ѓумуш", "Љубов и одмазда", "Снеговите на љубовта", "Притаени страсти", "Браќата", "Украдено минато" и "Повторно родени"

Фото | Познатиот актер и модел, турскиот Бред Пит посвои магаре

Познатиот турски актер, Киванч Татлитуг, минатиот месец посвои магаре од фармата на фондацијата „Work Animals Rescue Foundation“ (ВАРФ).

Според ВАРФ, магаренцето со име Арзу што Татлитуг го посвои, било пронајдено и спасено во близина на својата мртва мајка во југоисточната провинција Шарлиурфа. Арзу била стара само еден ден. Од неодамна таа е донесена на фармата во Истанбул.

Фотографијата на која се гледа како актерот си игра со Арзу е снимена и споделена на социјалните мрежи од сопругата на Татлитуг, Башак Дизер, и ги стопи срцата на фановите па за кратко време доби милиони лајкови.

Татлитуг, кој има 37 години, стана славен на модните писти во 2002 година кога беше избран за најдобар модел на Турција и најдобар модел на светот.

Актерот не коментираше за посвојувањето на магарето, но неговата сопруга даде изјава на социјалните мрежи, заблагодарувајќи и се на заедничката пријателка, актерката Озге Озпиринчџи кој им помогна да се поврзат со фармата WARF и Арзу.

„Благодарност до Озге што не доведе тука. Арзу непрекинато ми ја лижеше раката. Фондацијата се грижи за магариња и коњи кои имаат потреба. Да помогнеме!“, напиша Дизер.

Кај нас Киванч е актуелен како Курт Сејит во серијата „Со Русија во срцето“ која е базирана на вистинска приказна. Серијата ја раскажува приказната за љубовта помеѓу офицерот Курт Сејит, син на богат земјопоседник со турско потекло, и преубавата Шура која потекнува од семејство на руски аристократи. Нивната љубов е ставена на тест поради многуте проблемите што ги носи војната но и семејните несогласувања.

Со Киванч Татлитуг може да се дружите  на Дизи секоја вечер во 20:30 часот кога се емитува нова епизода од хит серијата „Со Русија во срцето“.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Додека селото спие“, руска мелодрама секое попладне на ТВ 24

Од понеделник до петок во 17.45 часот на ТВ 24 ќе се емитува “Додека селото …

error: Содржината е заштитена!