Почетна / Серии / Фото | Повторно започнаа со снимање македонски народни приказни

Фото | Повторно започнаа со снимање македонски народни приказни

Во селото Извор, Велешко во општина Чашка започна да се снима новата сезона на Македонски народни приказни. Овие приказни беа најпопуларни во деведесетите во кои Шенка и Ѓорги Колозови ги имаа водечките улоги.

Од 2009 година, А1 телевизија реши да ги обнови и започна со снимање на нови народни приказни, кои за жал, никогаш не успеаа да ја достигнат гледаноста на оние првите и автентичните. Примерот на А1 го следеа Канал 5, па Сител, МТВ 1, па локалните телевизии… кои до ден денес ги емитуваат новите народни приказни.

Па така, наскоро со емитување ќе ги гледате најновите приказни, кои започнаа со снимање овие денови.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдрагата српска серија „Среќни луѓе“ повторно со вас

Кроз прозоре нашег дома, видим твог живота део склапам очи и тешим се да си …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!