Почетна / Филм / „Focus“, „Loro“, „Cobra“, „Hall pass“ во филмската недела на Телма

„Focus“, „Loro“, „Cobra“, „Hall pass“ во филмската недела на Телма

Секој ден во 23.10 часот, Телма телевизија продолжува со емитување на американски филмови. Во продолжение, ве информираме за филмските хитови кои ќе се емитуваат во последната недела од април 2020 :

недела (26 април) – “Focus” (2015)

Искусен измамувач зема една млада, атрактивна жена под своја закрила, но, работите се комплицираат кога тие ќе започнат романтична врска.

Американска романтична крими комедија со Вил Смит и Марго Роби.

понеделник (27 април) – “Loro” (2018)

Филмот е базиран на животот на најконтроверзниот поранешен премиер на Италија, Силвио Берлускони и е  одраз на моќта и на карактерот на општеството меѓу 2006 и 2009 година.. Приказната е раскажана преку група бизнисмени и политичари кои работеле и живееле околу премиерот.

Развратните забави покрај базенот, егзотичните играчки, скандалите, обидот за обновување на политичката кариера, се само некои од појавите со кои Сорентино го слика портретот на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, напоменувајќи дека во филмот „сѐ е вистина и сѐ е лага“.

вторник (28 април) – “Due date” (2010)

Напнатиот „татко во исчекување“ Питер, приморан е да стопира заедно со актерот во обид Ејтан се со цел да стигне на време за породувањето на сопругата. Американска комедија во режија на Тед Филипс (Hangover), а во главните улоги ги гледаме актерите од “Hangover” и “Iron man”.

среда (29 април) – “Cobra” (1986)

Марион со прекарот Кобра е полицаец кој не бира средства за да ги исчисти улиците од криминалците. Во главна улога е Силвестер Сталоне кому ова му е една од легендарните улоги.

четврток (30 април) – “Hall pass” (2011)

Рик и Фред се двајца мажи кои имаат потешкотии во бракот. Еден ден добиваат неверојатно изненадување од своите сопруги- една недела да прават што сакаат.

петок (1 мај) – “Transendance” (2014)

Доктор Вил Кастер е истражувач кој има за цел да се создаде машина со вештачка интелигенција и човечки емоции кои може да ги надмине способностите на човечкиот мозок. Во својот обид да го убијат д-р Кастер, членовите на една радикална организација му даваат посебен поттик да успее во својот експеримент – му овозможуваат и самиот да земе учество во неа.

Гладта за знаење на Вил се заканува да прерасне во незамисливи граници, давајќи му незамислива моќ во овој научно фантастичен трилер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Фантастични филмски остварувања на Телма овој октомври

По скандинавскиот политички трилер “Окупирани”, новата сезона на “Аларм за Кобра”, новелата “Горчлива одмазда” и …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!