Почетна / Сапуници / Дознајте кои серии ќе ги гледате на телевизија во 2020-та година

Дознајте кои серии ќе ги гледате на телевизија во 2020-та година

Нова година со нови серии за македонските гледачи. Нови саги од земјата на Босфорот, нови приказни од Латинска Америка, но и нешто интересно за гледачите на хрватските и руските драми. За сите љубители на руските ситуациони комедии, веднаш по празниците, телевизија Алфа започнува со емитување на “Фитнес” која ќе ве насмее како и нејзините претходнички Кујна, Гранд и Иванови.

Покрај комедија, од најстудената и најголема земја стигнува и семејната мелодрама “Семејни тајни” за животот и кариерата на познатата балерина Татјана.

Со нови епизоди продолжуваат актуелните хит серии “Истанбулската невеста”, “Украдено минато” и “Тажна жена”, а ексклузивно оваа зима стартува и долгоочекуваната интригантна приказна за “Забранетата љубов” од Босфорот. “Yasak elma” е модерна драма во која ќе следиме опасни игри и заплети во животите на две сестри, чии судбини ќе се поврзат со богатото истанбулско семејство.

Борбата да се спасат човекови животи и да се пронајде патот до вистинската љубов ќе се води во “Не заминувај”, медицинска драма од 2011-та година, за која се обезбедени права на македонски јазик.

Возбудливата драма за младата “Џенет” ќе нѐ воведе во светот на скриените вистини кои ќе ги разгорат сенките од минатото и ќе ја понесат новата хероина на патот кон откритието за своето потекло.

Во следната сезона очекувајте ја и епската серија за “Чукурова” со која ќе ја доживееме легендарната љубов од минатиот век. Амбиција, омраза, злоба, желба за власт и превласт ќе ги води Зулејха и Јилмаз на патот на нивната среќа во земјата во која крвта ќе ги избрише нивните солзи, а крикот за слободата ќе ја прободе и најкревката душа на тоа парче земја.

Покрај одличните драмски наслови, тука е и комедијата “Близнаци” која ќе се емитува оваа година. Авантурите на Мемо и Џан ќе ве насмеат до солзи, а нивните сосема различни карактери ќе ве натераат да си одберете омилен лик од двајцата палавковци.

За љубителите на латиноамериканските теленовели, за брзо следува нешто подеднакво возбудливо како “Фамилијата Реј” и подеднакво бајковито како “Розевиот дијамант”. Нова омилена забава со млади и одлични актери од гигантот Телемундо очекувајте наскоро во “Sangre de mi tierra”.

За другите и уште поинтересни наслови, може да се информирате ексклузивно на форумот на ТВ Пакет. Затоа не чекајте. Регистрирајте се и први дознајте ги сите новитети од светот на телевизијата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!