Почетна / Сапуници / До кога ТВ 24 ќе емитува репризи на емитувани серии ?

До кога ТВ 24 ќе емитува репризи на емитувани серии ?

Секаде во светот, па и кај нас започна новата телевизиска сезона. Се најавија и започнаа нови сезони од популарните франшизи на Сител, од студиските емисии на Телма, од политичките дебати на Алфа, Канал 5 и ТВ 24.

Што се однесува до странската програма, како да има очигледен застој кај телевизиите. ТВ Пакет ексклузивно дозна дека во наредниот период треба да започнат неколку нови серии на Сител и Телма, но што е со Алфа, Канал 5, ТВ 24 ?

Ако се задржиме на ТВ 24, концептот на телевизијата веќе неколку години е ист, односно во текот на сезоната емитуваат една серија секојдневно во попладневниот термин, а веднаш потоа продолжуваат со репризи од истата. Па така неколку месеци следиме репризи од италијанските мелодрами, емитувани минатата сезона на оваа фреквенција.

До кога телевизија 24 ќе емитува репризи на серии во својата програма и кога конечно ќе може да очекуваме премиерни серии ?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија, драмски мелодрами не се емитуваат на државната тв

За љубителите на дневни фамилијарни и романтични саги, секоја државна телевизија во целиот регион одвојува …

error: Содржината е заштитена!