Почетна / Серии / Детективот од Хаваите, „Магнум“ се враќа на Сител со последната сезона
Од понеделник, 2 мај по полноќ на Сител - последната сезона од "Магнум ПИ"

Детективот од Хаваите, „Магнум“ се враќа на Сител со последната сезона

Трендот на преработки на популарни серии како култните Charmed, Dinasty, Beverly Hills 90210, Melrose place, Hawaii Five-0 ја вклучува и oваа серија на Сител, инаку римејк на познат процедурал од 90-тите.

Недостаток на добри идеи или силна носталгија за времето во кое се создадени, на ред дојде и детективската приказна за познатиот холивудски приватен истражител Магнум.

Главниот јунак во верзијата за 21 век не носи мустаќи, но според денешните стандарди е подеднакво секси.

Уште на стартот се запознавме со него. Томас Магнум е поранешен член на американската морнарска единица “Нејви” кој се врати дома од Авганистан за да ги искористи своите воени вештини како приватен детектив на Хаваите, каде решаваше предизвикувачки случаи со помош на своите колеги.

Сега, повторно се враќа на Сител во нови, уште поинтересни акции. Не пропуштајте го “Магнум” од понеделник до петок на Сител, по полноќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српска серија на МРТ 1 – секој работен ден „Жигосани во рекетот“

Серија за судбината на двајца кошаркари кои по одличната спортска кариера почнуваат нов живот и …

error: Содржината е заштитена!