Почетна / Сапуници / Турската драма „Чоџук“ секоја сабота и недела во 21.20 часот на Сител

Турската драма „Чоџук“ секоја сабота и недела во 21.20 часот на Сител

Нова турска драматична серија на Сител – “Чоџук”. За мајките и нивните деца животот може да претставува голем, но и болен предизвик.

Таков е случајот со убавата Акча, ќерка на проститутка, која кога останува бремена, решава нејзиниот син да добие подобра иднина и затоа носи тешка одлука – да го даде детето на посвојување. За да го спаси од мизеријата на животот и насилството на нејзиниот љубовник Хасан, Акча склучува пакт со богатата госпоѓа Асије Карасу.

Госпоѓата Асије го зема новороденото бебе на сиромашната Акча и им го дава на нејзиниот син Али Кемал и снаата Шуле. Сепак, за тоа дете знае само Шуле, додека Али Кемал верува дека се работи за негово вистинско дете.

Бебето го добива името Ефе и почнува да расте опкружено со љубов и раскош во палатата на богатите. Сепак пет години потоа, работите целосно се менуваат кога Шуле раѓа свое дете и го запоставува она посвоеното.
Од друга страна, Хасан, биолошкиот татко на детето на Акча, излегува од затвор и повторно се појавува во животот на Акча.

Дополнително, дејството се комплицира затоа што Хасан е всушност вонбрачен син на Асија Карас, што е само една од тајните скриени зад портата на величествената палата на семејството. Следува тешка битка за Акча која треба да ја сокрие вистината од Хасан за постоењето на нивното синче.

Акча ќе мора да се одбрани не само од Хасан, туку и да го спаси нејзиното детенце од канџите на сите оние кои неуморно сакаат да го тргнат од играта на судбината.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина незаборавната Шахика, негативката во „Забрането јаболко“

Неверојатен пресврт во најновата епизода од популарната гламурозна драма “Забрането јаболко”. Серијата која постави високи …

error: Содржината е заштитена!