Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #056 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #056 | ARDIENTE PASIÓN

56-то продолжение

 

 

            Кога дон Вадо и Диего излегоа, Саграрио остана сама со своите два сина, онака како што остануваше насамо со нив кога беа мали. Но, сега помеѓу браќата владееше отворено ривалство. Ектор беше постар и посмирен, не сакаше да се расправа, додека Тристан беше жива лава, не можеше лесно да ги заборави сите години кои ги помина гледајки како мајка му страда поради отсуството на постариот син.

–          Сакаш да јадеш нешто, сине?, – Саграрио со полно срце му се обрати на Ектор. – Остна нешто од вечерата.

–          Не, мајко, не сум гладен.

–          Нема потреба да му нудиш храна, мајко, – остро се замеша Тристан. – И онака му готвиш секој ден во вилата. Затоа и се нафати да ја работиш таа работа, за да бидеш близу него. Но што и да правиш, залудно е. Твојот син се откажа од тебе за да биде марионета во рацете на дон Вадо Фалкон.

–          Внимавај што зборуваш, Тристан, – го опомена Ектор.

–          Деца, ве молам.

–          Што е? Те боли вистината? Те боли што живееш со човек без совест, со убиец кој само сака моќ и пари?

–          Живеам со човек на кој му должам се што имам, се што сум, – смело му се спротистави Ектор на својот брат.

–          Значи ти си горд што си миленик на Кралот на златото? Горд на човекот кој ја уби целата фамилија на Јулиса, за да живее во престижот кој сега го има?! Немам што повеќе да кажам, – додаде Тристан и влезе во својата соба.

На Ектор му беше непријатно да седи во куќата каде што беше роден и израснат. Брзо се поздрави со Саграрио и излезе надвор. Диего веќе беше излезен од автомобилот на дон Вадо.

 

Трситан ја слече маицата и ја фрли на креветот. Ја отвори фиоката кога на подот од истата забележа медалјон кој го носеше Јулиса. Не му беше јасно како тој медалјон се нашол тука. Беше сигурен дека Јулиса го носеше кога последен пат ја виде во манастирот. Одеднаш стана сомничав дека само Диего може да го има истиот медалјон. Си даде дозвола и го отвори неговиот ранец. Женска долна облека, резервни бркови, кошули…

 

Кога Диего се врати во собата, Тристан без маица лежеше на својот кревет. Диего посегна по својот ранец и почна да ги собира своите работи од фиоката која му беше отстапена.

–          Што правиш?, – го праша Тристан.

–          Одлучив никого повеќе да не изложувам во опасност. Уште вечерва си одам одовде. Ти благодарам за се, Тристан, за големото гостопримство на твојата мајка, но од вечерва ќе си барам друго место за живеење.

Тристан загонетно гледаше и се смешкаше.

–          Ми требаш, – рече едноставно.

–          Кога дојдов на интервју, имаше редица од работници кои аплицираа за тоа место. Ќе најдеш некој од нив.

–          Те сакам само тебе, – рече Тристан приоѓајки и блиску. Нежно ги спушти своите силни раце на енјзиното рамо. Диего изненадено го погледна.

–          Што ти е? Пушти ме! Пушти ме, јас не сум геј!

–          Не сум ни јас. Ти си жената на мојот живот.

Со нежен покрет ги извади нејзините вештачки бркови. Со двете раце и го опфати лицето гледајки ја без трепет. Потоа ги спушти своите раце, раскопчувајки ја нејзината кошула. Полека ја откопа, копче по копче. Телото на Јулиса трепереше како глуварче во студена летна ноќ.

–          Како дозна?, – го праша со сув глас.

–          Го најдов твојот медалјон во фиоката. Мислеше дека нема да те откријам, Јулиса?

Кога и го откопча и последното копче, кошулата лизна на подот. Ја зеде во своите раце и ја легна на креветот ја љубеше страсно и диво додека таа ги гризеше неговите раменици во амбис на страста. Слушаше како неговото срце бие во нејзините гради.

–          Те љубам, Јулиса, – во агонија изговори Тристан, не престанувајки да ја љуби.

 

 

Беше нешто по полноќ кога Кристела се врати во пансионот по работа. Веќе неколку месеци заработуваше како келнерка во еден локал. Беше слабо платена работа, но беше пристојна, а истата и ги плаќаше сметките и киријата. Кога влезе во својата соба, го забележа Лучо, легнат на креветот.

–          Лучо? Што бараш ти тука? Кој те пушти?

Лучо само се насмевна, покажувајки на прозорецот кој стоеше полуотворен.

–          Лучо, не може вака. Не можеш да доаѓаш кога ќе посакаш. Ги знаеш правилата на Магдалена. Ако дознае дека речиси секоја втора вечер си тука, ќе ме исфрли од пансионот.

–          Не ме терај да си одам, Кристелита. Ми се смачи да живеам кај Хосе Гвадалупе, поеќе. Не можам да ја поднесам Беба, сопругата на Рене и нивните две деца кој непрестано плачат. Сакам да спијам тука, покрај тебе, на твојот чист и мирислив кревет, уживајки во твоето тело, убавице моја. Не грижи се за Магдалена. Ти си возрасна жена и она што ти го правиш навечер не е нејзина грижа.

Кристела не можеше да остане рамнодушна на неговите зборови пропратени со нежни милувања и бакнежи. И ги слее алиштата и така гола ја повлече кон себе. Милион бакнежи, како капки дожд го осипаа телото на Кристела. Нежно ја подигна и ја понесе кон постелата.

 

 

            Магдалена спиеше спокојно, но генерално имаше лесен сон. Можеше да се разбуди на секаков шум. Таа вечер, од сон ја разбуди силното тропање на вратата од паснионот и довикувањето на нејзиното име. Го препозна гласот на Вадо. Стана од креветот и излезе од собата. Пансионот беше во мрак додека не го запали светлото од хоникот.

–          Што бараш овде, ѓаволе?, – го праша откако ја отвори влезната врата. – Сакаш ли да го разбудиш целото сосетсво?

–          Зошто не ми кажа за синот на Росанхелика? Знаеше за неговото постоење и го криеше од мене!

–          Не знам за што зборуваш!

–          Предмалку го видов мојот син. Синот кој ми го роди Росанхелика Рентеира пред дваесет години!

–          Ако си го пронашол, не знам што бараш тука. Ова е чесна куќа и не примаме мажи во оваа доба!

–          Мислиш дека ако покажеш заби, ќе ти се исплашам? Грешиш, Магдалена. Ти си уште онаа ранета птица која ја држам затворена во кафез. Си му кажала на мојот син дека јас сум му ја убил мајката со цел да го одалечиш од мене.

–          Навистина не знам за што зборуваш. Освен тоа, јас никого не сум излажала. Ти си убиец, монстурм кој ги лиши животите на Росанхелика и нејзиниот татко!

–          Курво! Лажлива курво!, – извика Вадо приоѓајки и.

Одмазднички пламен гореше во неговите очи. Ја подигна раката да ја удри, но Магдалена се бранеше. Нејзиното тело сеуште пудеше страсти во него. Посака да ја направи своја сега и тука.

Очајничките крици на Магдалена допреа до собата на Кристела. Дон Вадо веќе го имаше извадено пиштолот кога Кристела и Лучо слегоа по скалите.

–          Пушти ја!, – извика Лучо. – Милсиш дека си јак удирајки жени? Пробај со маж!

–          Никој не може протви мене!

–          Фрли го пиштолот!

Лучо се нафрли врз Вадо и започнаа борба за оружјето. Во еден момент одекна истрел низ ѕидините на Голондрина.

Погоден, Лучо падна на подот.

–          Излегувај од мојава куќа!, – избезумено извика Магдалена. – Ако му се случи нешто на Лучо ќе скапеш во затвор!

–          Јас не ти се плашам, Магдалена. Можам сите да ве убијам и никој не ми може ништо! Ако ме пријавиш во полиција, следна жртва ќе биде твојата ќерка. Но тогаш ќе бидам прецизен. Истрелот ќе биде директно во нејзиното срце!, – бесно додаде Вадо пред да го напушти пансионот.

–          Магдалена, Лучо крвари…Мораме да викнеме итна помош, – очајно молеше Кристела.

Магдалена потрча до телефонот и побара брзо помош. Лучо беше ранет во ногата и обилно крвареше. Во меѓувреме, по скалите слегоа Капричо и Индалесија. Вознемирени од истрелот, девојките дотрчаа до ранетиот Лучо и очајната Кристела.

 

 

            Јулиса и Тристан се гледаа долго еден во друг. Нејзината густа црна коса беше распостелена по белата постелнина, а сјајот во очите и говореше колку е среќна со човекот на кој му ја даде својата невиност.

–          Толку си убава…Диегито, – се пошегува Тристан на нејзина сметка.

–          Не се шегувај.

–          Умирам за тебе, да те љубам, да бидеш моја… Само моја.

–          Мораш да престанеш да ме гледаш како жена. Ќе продолжам да бидам Диего вон овие четири ѕида.

–          Не знам како ќе го спроведеме тоа во рудникот, бидејки нема да одолеам на искушението да ти украдам бакнеж секој пат кога ќе те видам.

Продолжи да ја љуби страсно, а Јулиса  целосно му се предаде.

 

 

            Откако Лучо беше доведен во болница, по кратко стигнаа девојките од паснионот, заедно со Хосе Гвадалупе, Рене и Саломон.

Кога излезе докторот од собата, сите се насобраа околу него.

–          Како е докторе?, – очајно го праша Кристела.

–          Пациентот е префрлен на итна операција за да му биде извден метакот од телото. Ако нема потешки компликации, треба да заздрави без проблем. Пациентот е ранет од огнено оружје и ние како лекари сме должни да ја информираме полицијата.

–          Не!, – крикна Магдалена испаничено. – Нема потреба да ја мешаме полицијата во ова. Лучо беше жртва на вооружен грабеж во пансионот.

–          Во секој случај, ќе мора да дадете изјава госпоѓо, – додаде докторот пред да се повлече.

–          Зошто го криете дон Вадо, госпоѓо Магдалена?,  – искрено ја праша Саломон.

–          Бидејки ако полицијата дознае дека Вадо Фалкон го рани Лучо, следната жртва ќе биде мојата ќерка. Вадо е во состојба да ја убие Јулиса, – му објасни кратко.

 

 

Продолжува…

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!