Почетна / Забава / Бендот „Sepultura“ во јуни во Скопје

Бендот „Sepultura“ во јуни во Скопје

 

На 9 Jуни во МКЦ ќе имаме можност да видиме еден од бендовите кој во раните 90ти години, заедно со уште неколку други бендови го обликуваше модерниот агресивен, брз и тежок металски звук. Со „еден тон“ дискографија позади своето име, сеуште се водечка сила на свестката метал сцена.

 


 

Бендот го формираа браќата Макс и Игор Кавалера во 1984 година, а името на бендот на португалски значи “гробница”. Досега имаат издадено 13 албуми, од кои последниот “The Mediator Between Head and Hands Must Be the Heart” излезе лани.
Билетите за концертот се веќе во продажба на билетарата на МКЦ и кафе Браво по цена од 700 денари, а на денот на концертот цената ќе биде 1100. Интересот за овој концерт е голем, а бројот на влезници во продажба е строго ограничен.

 


 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатиот водител прашува – оти не го кладе косовското знаме по грешка?

Македонскиот водител Богдан Илиевски со своја саркастична изјава во негов стил се огласи на социјалните …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!