Почетна / МК Сцена / Видео | Божиќна серенада на Лозано, Некст тајм, Пере Нокаут и Димитар

Видео | Божиќна серенада на Лозано, Некст тајм, Пере Нокаут и Димитар

Видео записот за ,,Божикна серенада” како шести по ред традиционален Божикен подарок од Бигорскиот манастир и Бадникови поворки е завршен и e промовиран во етер со благослов на Владиката Партениј.

Изведувачи на божиќната серенада се Лозано, Димитар Андоновски, Никола Перевски – Нокаут, Стефан Филиповски – Некст тајм.

Овој видео запис ја оживува серенадата преку една прекрасна божикна песна којашто на најубав начин ја покажува православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ. Низ една филмска приказна нè враќа во минатото на Битола, градот којшто серенадата ја има како дел од својата културна традиција.

Божиќната серенада во себе го носи специфичниот богат византиски мелос. Ја пееле возрасните коледари коишто оделе од куќа до куќа и весело ги повикувале домаќините да одат во црква, таму да го прослават Раѓањето Христово и потоа да го понесат големиот благослов дома.

Овој видео запис ќе остане вечен сведок за мисијата на Бигорскиот манастир и Бадникови поворки како народен, културен и духовен проект.

ХРИСТОС СЕ РОДИ! ЧЕСТИТ БОЖИК!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На чекор до гига спектаклот – на 1 јули одиме на концерт на Каролина

Најголемиот настан летово е на чекор од нас. 1 јули, Стадион АРМ – мега спектакл …

error: Содржината е заштитена!