Почетна / МК Сцена / Бојан Дамјаноски со одлична кавер-верзија на „Dance With Somebody“

Бојан Дамјаноски со одлична кавер-верзија на „Dance With Somebody“

После одличната кавер-верзија на „Thinking Out Loud“ на Ed Sheeran, пејачот и гитарист Бојан Дамјаноски изминатиов период работеше и на втората негова кавер-верзија.

 

Овој пат станува збор за светскиот хит „Dance With Somebody“ на Mando Diao.

Како и минатиот пат, така и овој, Бојан подготви и видео за новата кавер-верзија. Покрај Дамјаноски, во видеото се појавува и гитаристот Андреја Салпе со кого настапуваат заедно,  тука е ѝ Ѓоко Срезоски на бас гитара, Симона Стојкоска задолжена за бек-вокалите и Оливер Стојкоски одговорен за тапаните. За одличниот звук, но и аранжманот на оваа кавер-верзија беше задолжен Христијан Ѓорѓиевски.  Како режисер на видеото се потпишува Марио Манески.

Инаку за кратко време во етер треба да се објави уште една кавер-верзија, но до крајот на јуни Дамјаноски ветува и негова авторска песна за која вели дека ќе биде нешто неочекувано и интересно.

Погледнете го видеото за нумерата „Dance With Somebody“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!