Почетна / Филм / Безвременскиот „Пинокио“ и воениот „Дипломатија“ саботно на Телма

Безвременскиот „Пинокио“ и воениот „Дипломатија“ саботно на Телма

Филмот „Пинокио“ (2019) на режисерот Матеа Гарона се движи во царството кое истовремено е реално и фантастично, во рурална, безвременска Италија која изобилува со земја, море, селско опкружување.

Верната адаптација на познатата приказна за дрвената кукла која успеала да оживее благодарение на сиромашниот, осамен столар Џепето. Како и секое дете, Пинокио е љубопитен, а за светот во кој живее учи од своите обиди и грешки. Поседувајќи вродена детска храброст, Пинокио станува тоа што требал да биде– вистинско момче.


Куклената креација магично оживува на Телма во вечерниот саботен филм од 19.15 часот.

A по оваа семејна драма, следува француско-германскиот историски филм „Дипломатија“ (2014) на режисерот Фолкер Шлендорф во 22.15 часот на Телма.

Филмот „Дипломатија“ е добитник на наградата „Цезар“ во 2015 година за најдобра филмска адаптација, додека главниот актер, Нилс Арестрип, беше номиниран за „Цезар“ во 2015 година за надобра машка улога. Дејството во филмот се одвива во текот на ноќта од 24 кон 25 август 1944 година.

Судбината на Париз е во рацете на генералот Фон Шолтиц, кој на наредба на Хитлер, се подготвува да го нападне градот. Како долгогодишен припадник на пруската војска, потчинувањето на генералот на наредбите никогаш не било доведено во прашање. Токму тоа го загрижува шведскиот конзул Нордлинг додека се искачува по тајните скалила кои водат од генералот до хотелот „Мерис“.

Мостовите на Сена и најзначајните париски споменици, како Лувр, Нотр-Дам, Ајфеловата кула… се минирани и се пред експлозија. Користејќи го сето дипломатско оружје, конзулот ќе се обиде да го убеди генералот да не се потчинува на наредбата за уништување.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наскоро премиера на нов филм со најубавите патриотски песни

Наскоро македонската ризница ќе биде збогатена со уште едно ремек-дело кое зборува за нашата традиција …

error: Содржината е заштитена!