Почетна / МК Сцена / Видео | “Безобразно “, летна и жешка авантура на Роберт и Дејан

Видео | “Безобразно “, летна и жешка авантура на Роберт и Дејан

Со потенцијал за вистинско летно музичко освежување на нашата мкд сцена , песната “Безобразно” конечно деновиве добива своја промоција , во која се раскажува интересна приказна за една девојка како блефира и заведува двајца дечковци.

Приказната има интересен сплет и убави моменти, а тоа што е безобразно ќе го дознаете кога ќе го погледнете видеото. Спотот е сниман уште пред да започне пандемијата , но се се одложуваше и конечно се решивме да го пуштиме бидејки летото ќе ни помине .

Се снимаше во Охрид во преубав и атрактивен хотел велат Роберт и Дејан. Текстот е на Дејан и Роберт, музиката и аранжманот се на Гоце Симоноски. За стајлингот на видеото се погрижи добро познатата Викторија Бурсаќ ,која веќе долг период се грижи за многу познати личности на естрадата и шоу биз како кај нас така и во соседството.

Во видеото женската улога и припадна на младата и убава манекенка Елена Ѓорговска . Во продолжение погледнете го видео записот :

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!