Почетна / Серии / BBC драмата „Killing Eve” секоја вечер на Fox во 22.55 часот
Агент лови платен убиец. Серија базирана според романите за Виланел од Лук Џенингс

BBC драмата „Killing Eve” секоја вечер на Fox во 22.55 часот

Криминалистичкa трилер серија во која двата главни лика, Ив (Сандра О) и Виланел (Џоди Комер), го носат жанрот на сосема ново ниво.

Ив е агентка што сонува да биде шпионка, но е заглавена во канцеларија и секојдневно се досадува. Таа не само што е неверојатно интелигентна и исклучително талентирана за криминално истражување, туку исто така и ѝ се воодушевува на „работата“ на убијците.

Не постои ништо што би ја згадило, баш напротив, колку е погрозоморно делото, толку таа е пофасцинирана.

Од друга страна, ја имаме и Виланел, која на прв поглед изгледа нежно, невино и прекрасно. Но, тоа што не можете да го забележите од нејзината надворешност е дека е безмилосен убиец. Таа е психопат каков што досега не сме имале можност да видиме и додека ја гледаме како ги лови и убива своите жртви, ќе не лазат морници по целото тело.

Ив и Виланел ќе ја играат играта „глушец и мачка“, ловејќи се една со друга и прашувајќи се која ќе го преземе првиот чекор.

Oд понеделник до четврток на Фокс, премиерно – “Killing Eve”, британска шпионска драма во 24 епизоди.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува соработката меѓу ТВ Телма и италијанската РАИ

Телевизија Телма и италијанската национална телевизија РАИ и годинава го обновија договорот за соработка, кој …

error: Содржината е заштитена!