Почетна / dani (страна 301)

dani

Видео | Каролина звучи светски во српско шоу кај Јоксимовиќ

Пред почетокот на пандемијата, македонската ѕвезда Каролина Гочева беше гостинка во новата музичка К1 телевизија, во сопственост на популарниот Жељко Јоксимовиќ. Во емисијата, Каролина ги отпеа песните од нејзиниот мега успешен албум “Извор”, кој минатата година доживеа и своја промоција во Хрватска. И покрај тоа што е отпеан на македонски …

Повеќе »

Ќе се субвенционираат придонесите за медиумските работници

На денешната 64-та седница, Владата донесе Уредба со законска сила за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите, со која се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување …

Повеќе »

Фантастичната авантура „Библиотекарите“ во 23:30 часот на Сител

Од понеделник до петок во 23.30 часот, веднаш по последните вести, Сител телевизија ќе ја емитува американската серија “Библиотекарите”. Серијата започнува со емитување од петок (12 јуни 2020). “Библиотекарите” е серијал снимен од продукциската куќа TNT, а базиран на успешната филмска трилогија “The Librarian”. Како и филмовите, така и серијата …

Повеќе »

Фото | Логото на Сител се појави и на заштитните маски

Вработените во телевизија Сител со интересни брендирани маски за заштита од корона вирусот. Денес, репортерката од информативната програма на оваа телевизија ја видовме со заштитна маска на лицето, на која беше зашиено логото на телевизијата. Дали и другите новинари од ТВ Сител ќе го следат нејзиниот пример, ќе видиме во …

Повеќе »

„Париска кујна со Триш“, ново викенд кулинарско шоу на МРТ 1

Од оваа сабота (13 јуни), гледајте го извонредното кулинарско шоу „Париска кујна со Триш“ во 17:45 часот на МРТ 1. Експертот за француската кујна со вас ќе ги сподели своите најпопуларни рецепти, па затоа подгответе се за една вкусна авантура. Во оваа возбудливо шоу за готвење, Триш Десин нè носи …

Повеќе »

За љубителите на Марвел сериите, доаѓа „Дердевил“ на Нова С

Нова Нетфликс серија на кабловската Нова С, секоја сабота во 20 часот. Приказна за Мет Мурдок, слеп адвокат (чии останати сетила се натприродно развиени) ќе мора да стане „Ѓаволот“ за да го спаси својот град од тонење во пеколо. Акциона драма за љубителите на Марвел стриповите и сериите. Приказната започнува …

Повеќе »

АВМУ: Да не се изнесуваат неосновани обвинувања за медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со соопштение за обвинувањата на една политичка партија кон ТВ 21. Во продолжението, соопштението на АВМУ во целост : – “До Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се обрати ТВ 21 -М со реакција за обвинувањата од лидерот на политичката партија Алијанса …

Повеќе »

АВМУ: Да не се фаворизираат медиуми при споделување информации

Поради појавата на непроверени и нецелосни информации поврзани со бројот на заболени од COVID-19 во државава, Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги потсетува дека во ваква ситуација точното и навремено информирање на граѓаните е врвен приоритет и од суштинско значење за јавниот интерес. Воедно, забележана е практика надлежни здравствени институции …

Повеќе »

Љубов и тајни во новата вечерна серија на Сител – „Солзите на Џенет“

За љубителите на турските серии, од понеделник до петок на Сител телевизија во 19.45 часот се емитува новата љубовна драма “Солзите на Џенет”. Приказната ја следи убавата и скромна девојка Џенет Јилмаз, која била напуштена од нејзината мајка како бебе, а бабата Мукадес се грижела за неа. Џенет во животот …

Повеќе »

Светска премиера на композиции од Дарија Андовска во Минхен

Во понеделник, 8 јуни, во рамките на серијата концерти #BSOmondayConcerts, кои ги организира Bayerische Staatsoper, државната опера во Минхен, премиера ќе имаат две композиции од Дарија Андовска, базирани на македонските народни песни “Со маки сум се родил јас“ и “Си заљубив едно моме“. Во првичниот концепт се три композиции, вклучувајќи …

Повеќе »
error: Содржината е заштитена!