Почетна / Серии / Аргентинскиот процедурал „Маргиналец“ од петок до недела на МТВ 1

Аргентинскиот процедурал „Маргиналец“ од петок до недела на МТВ 1

Од вечерва, 22 февруари во 23 часот на МТВ 1 започнува нов полициски процедурал. Аргентинската серија “Маргиналец” ќе се емитува секој петок, секоја сабота и секоја недела по 23 часот на Прва во вкупно 21 продолжение. Серијата имаше осум номинации на престижните награди Мартин Фиеро во Аргентина, а ја доби онаа за најдобра мини серија и сценарист.

Во “Маргиналец” ја пратиме приказната за бившиот полицаец Мигел Паласиос. Под друго име и со лажиран судски процес, тој е наводно обвинет за криминал и затворен во Сан Онофре. Целта е да се инфилтрира меѓу затвореничката банда поврзана со стражарите и на тој начин да открие информации за киднапирањето на ќерката на судијата. Но, работите се менуваат кога Мигел ќе избега од затворот со цел да го врати стариот идентитет…

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По толку емисии за бизнис и политика, сега и реално бизнис шоу на Телма

На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!