Почетна / Серии / Американската крими серија „Castle“ секој ден на Фокс во 19 часот

Американската крими серија „Castle“ секој ден на Фокс во 19 часот

Од понеделник до петок во 19 часот на кабловскиот Фокс канал ќе се емитува американската серија “Касл”, снимена од ABC во осум сезони. Репризата на епизодите е наредниот ден во 10.50 часот.

Ричард Касл е познат и успешен писател кој што живее во Њујорк. Откако еден сериски убиец ќе користи мотиви и делови од неговите книги во убиствата, Касл добива дозвола од градоначалникот на Њујорк да се вклучи во одделот за убиства во полицијата и да истражува заедно со нив.

Водач на тимот е детективката Кејт, а после овој случај, Касл продолжува да истражува со полицијата, додека неговата колешка Кејт ќе стане инспирација за главен лик во неговиот нов роман “Nikkie heat”.
Работата на Кејт не е воопшто лесна и пријатна, но таа го сака тоа, затоа што нејзината мајка била убиена под необјаснети околности.

Тука се и нејзините бројни соработници, детективот Хавиер Еспозито кој секогаш има циничен коментар за сметка на Кејт Бекет, потоа одличниот детектив Кевин Рајан, нејзината десна рака, потоа и д-р Лени, експерт за обдукција и исто така нејзин близок пријател, на кого Бекет безусловно може да му верува. Лени е клучна личност што балансира помеѓу Ричард Кесл и Кејт.

Секако, тука е и Рој Монтгомери, шефицата на полициската станица, која е фасцинирана од тоа колку е посветена Кејт на нејзината работа, но се загрижува и кога детективката некои случаи ги доживува многу лично.

Следуваат многу мистични убиства и неразјаснети истраги, во кои Касл и тимот на полицијата ќе мора целосно да се вклучат, да ги истражат мотивите и да ги фатат злосторниците.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

error: Содржината е заштитена!