Почетна / Серии / Алфа го прекина, но локалните ќе го прикажат рускиот ситком „Фитнес“

Алфа го прекина, но локалните ќе го прикажат рускиот ситком „Фитнес“

ТВ Пакет ексклузивно открива дека руската хумористична серија “Фитнес” продолжува со емитување. Но не на телевизија Алфа.

Оваа година, гледачите на МТМ и другите регионални телевизии ќе имаат единствена можност да уживаат и да се насмеат со згодите и незгодите во еден фитнес центар.

Што се случува кога една девојка со поприлично вишок на килограми, ја губи самодовербата? Нејзиното момче ја остава на свадбата, а таа е решена по секоја цена да му докаже нему, но и на себе дека може да ослабе.

Затоа решава да вежба, но за тоа треба пари. А нашата Асија ги нема. Па, затоа на памет ѝ паѓа една одлична идеја – да се вработи како фитнес инструктор и така да вежба бесплатно.

Oваа година очекувајте ја “Фитнес” на локалните, затоа што телевизија Алфа ја укина и се ориентираше кон емитување на повторно надсинхронизирани репризи на турски серии.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сител со нови симпатични авантури на „Токинг Том и пријателите“

Нова симпатична детска забава во викенд утрата на Сител. Драги дечиња, разбудете се со зборливиот …

error: Содржината е заштитена!