Почетна / Серии / Видео | Предпразнична најава на Алфа за рускиот ситком „Фитнес“

Видео | Предпразнична најава на Алфа за рускиот ситком „Фитнес“

Наскоро на телевизија Алфа започнува нова руска хумористична серија. По “Кујна”, “Гранд” и “Иванови”, ова е четвртиот руски ситком кој ќе се емитува на македонските телевизии.

Што се случува кога една девојка со поприлично вишок на килограми, ја губи самодовербата? Нејзиното момче ја остава на свадбата, а таа е решена по секоја цена да му докаже нему, но и на себе дека може да ослабе. Затоа решава да вежба, но за тоа треба пари. А нашата Асија ги нема. Па, затоа на памет ѝ паѓа една одлична идеја – да се вработи како фитнес инструктор и така да вежба бесплатно.

Згодите и незгодите во фитнес центарот, следете ги наскоро на ТВ Алфа. Оставете ги слатките и фатете се за теговите!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Игри на нерви во „Квантико“ – американска серија за ФБИ истраги

Група млади регрути на ФБИ поминуваат низ ригорозна обука во градот Квантико. Предводени од специјалниот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!