Почетна / Серии / Алфа без странска програма, Сител и Телма со најмногу премиери

Алфа без странска програма, Сител и Телма со најмногу премиери

Која национална телевизија вложува најмногу во премиерна странска програма за своите гледачи, а која најмалку? Се чини дека Сител и Телма во континуитет емитуваат постојано премиерни странски содржини за различни вкусови, па така на двете телевизии може да се видат различни жанрови – од драми, комедии до шпионски и трилер серии.

Освен жанровски различни странски серии, програмата на Сител е богата и со домашни верзии на три лиценцирани светски формати, како и со најгледаните балкански музички шоуа, а пак Телма покрај серии, изобилува и со странски филмови и документарни серијали.

Канал 5 телевизија во главно од странска програма емитува турски серии, од кои две се дневни маратонски сапуници …,

… а пак на телевизија Алфа, програмата преку целиот ден и вечер им е ориентирана во главно на политички интервјуа, дебати, контактни програми и реприза на српската риалити емисија “Проводаџија”.

МРТ 1
американска драмска серија
американски викенд филмови и по некоја документарна емисија

Сител телевизија
американска акциона серија
грчка драмска серија
колумбиска акциона серија
три турски драмски серии и една комична серија
три регионални забавни шоуа

Канал 5 телевизија
три турски драмски серии, од кои две дневни сапуници
српска хумористична серија

Телма телевизија
новозеландска драма-комедија
британска трилер серија
мексиканска теленовела
филмови од светски продукции
документарни серијали од светски продукции

Алфа телевизија
не емитува премиерни серии

ТВ 24
не емитува премиерни серии

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

error: Содржината е заштитена!