Почетна / МК Сцена / Заедно на сцена: Ристе и Аца Лукас со музички спектакл во Швајцарија

Заедно на сцена: Ристе и Аца Лукас со музички спектакл во Швајцарија

 

Во саботата (29-ти октомври), ексклузивците на „Гранд“ продукција, Аца Лукас и Ристе Ристески одржаа заеднички настап во дискотеката „Палма“ во Швајцарија.

 

 

Имено, продолжува соработката помеѓу колегите од продукцијата „Гранд“. На инсистирање на Аца Лукас, при неговиот настап во дискотеката „Палма“ во Швајцарија му се придружи помладиот колега, Ристе Ристески, и заедно во еден глас со многубројната публика ги отпеаја најголемите хитови.

 

 

Ристески веќе неколку месеци престојува во Берн, Швајцарија поради ексклузивен музички ангажман кој го има таму, а јавноста пред неколку дена имаше можност да го види и неговиот прв настап во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ каде беше дочекан како вистинска ѕвезда од популарното жири.

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Симона Поповска ја претстави новата песна „Бели ноќи“

Симона Поповска ја претставува својата нова песна „Бели ноќи“, која преку моќна лирика и впечатлив …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!