Почетна / Серии / Нова цртана серија „Aватар“ секој ден во 19 часот на МТВ 1

Нова цртана серија „Aватар“ секој ден во 19 часот на МТВ 1

 

Вода.. Земја.. Оган.. Воздух..

Само една личност на светот е способна да управува со сите четири елементи – Аватар, дух на планетата со човечки облик. Само тој може да ја запре немилосрдната Огнена Нација која сака да го освои светот.

Американската цртана серија “Аватар – последниот господар на воздухот” е снимена од 2005 до 2008 година и ги следи авантурите на 11-годишниот Аанг и неговите пријатели кои мора да донесат мир во земјата, само ако го победат моќниот народ на оганот. Светот на Азија е инспирација за ова извонредно шоу кое постигна голем успех кај публиката и критиката, а освои и многу награди, меѓу кои  и престижната ЕМИ. Некои од јунаците имаат моќ за манипулација, користејќи бендинг-психокинетички метод на кинеската боречка вештина, а фотографијата се базира на разни источноазиски, ескимски и јужноамерикански општества.

 

 

Ова е свет во кој живеат луѓе, фантастични животни и духови, а човечката цивилизација е поделена на 4 дела: Водено племе, Кралство на Земјата, Огнена нација и Воздушни номади. Секоја нација претставува одвоено општество, меѓу кои се и луѓето познати како Бендери, кои имаат способност за манипулација со Елементите ( Воздух, Вода, Земја, Оган).

Но, само еден и единствен е токму тој, ненадминливиот АВАТАР. Серијата е снимена во 61 епизода кои ќе бидат емитувани на МТВ 1 од понеделник до петок во 19 часот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!