Турската серија „Правда за Лејла“ (Leyla), која до неодамна ја следевме на телевизија Сител, ја освои престижната меѓународна награда „Еми“ во категоријата за најдобра теленовела за 2026 година.

Серијата на продукциската куќа Ay Yapım триумфираше во конкуренција со бразилската „Garota do momento“, турската „Uzak Şehir“ и шпанската „Valle salvaje“.

Свеченото доделување на наградите се одржа вчера, на 23 ноември, во Њујорк, во рамките на 54. издание на Меѓународните награди „Еми“, во организација на Меѓународната академија за телевизиски уметности и науки.

Оваа година за престижните телевизиски признанија се натпреваруваа 64 номинирани од 22 земји во 16 категории, а водител на гала-церемонијата беше американскиот актер Мајкл Ури.

Со оваа награда, Турција втора година по ред триумфира во категоријата за најдобра теленовела, откако минатата година истото признание го освои серијата „Deha“.

Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
