Почетна / Сапуници / Алфа надсинхронизира хрватска серија со вештачка интелигенција

Алфа надсинхронизира хрватска серија со вештачка интелигенција

За прв пат во историјата на македонските телевизии, се надсинхронизира серија од екс југословенско подрачје. Досега сите серии и филмови кои се емитувале и се емитуваат на програмите на македонските телевизии од српско-хрватско говорно подрачје, одат со титл со оглед дека најголем процент од популацијата целосно ги разбира тие јазици.

И не само што Алфа одлучи да надсинхронизира хрватска драмска серија, туку истото го прави со вештачка интелигенција, односно без ангажирање на македонски актери.

Серијата се емитува во прајмтајм и се работи за хрватска адаптација на популарната грчка серија “Пелин и мед” (Άγριες μέλισσες), емитувана и кај нас минатите години.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се Нур и Мали од „Лејла“ – најопасниот телевизиски тандем

Гонџа Вуслатери и Јигит Киразџи успеаја да создадат еден од највпечатливите и најнепредвидливи тандеми во …

error: Содржината е заштитена!