Почетна / Забава / Нина Талеска го освои второто место на Светското првенство во хип-хоп

Нина Талеска го освои второто место на Светското првенство во хип-хоп

Нина Талеска од танцовото студио BREAK A LEG го освои второто место на Светското првенство во хип-хоп во Келце, Полска, постигнувајќи историски успех за македонскиот танц!

Во конкуренција на најдобрите млади танчери од светот, Нина освои сребрен медал во категоријата Хип-хоп соло Мини кидс, остварувајќи го најголемиот успех за Македонија во оваа категорија досега.

„Овој успех е резултат на огромна посветеност, дисциплина и напорна работа. Горда сум на Нина и верувам дека ова е само почеток на нејзините големи успеси“, истакна нејзиниот тренер и кореограф Андријана Петковски.

Светското првенство, кое се одржa од 17 до 24 октомври, обедини околу 4.000 танчери од 34 земји.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Камерен музички десерт“ на 2 ноември во Македонската филхармонија

На 2 ноември 2026 година, со почеток од 20 часот, Симон Трпчески ќе настапи пред …

error: Содржината е заштитена!