Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Нови викенд сезони на „Качамак“, „Мерак меана“ и „Листа за 300“

Нови викенд сезони на „Качамак“, „Мерак меана“ и „Листа за 300“

Овој викенд, сабота и недела, телевизиските гледачи ќе имаат можност да уживаат во новите сезони на три добро познати и омилени викенд емисии „Качамак“, „Мерак меана“ и „Листа за 300“.

Со многу забава, музика, интересни гости и добро расположение, викенд-програмата ветува вистинско уживање пред малите екрани.

Утринското дружење започнува во 10:00 часот со новата сезона на „Качамак“ и водителскиот тандем Зоран Ѓоргиев и Владанка Крстевски, кои и во новите изданија ќе понудат ведра атмосфера, традиционални јадења и презентација на изворниот фолклор и култура на Македонија. 

Попладнето, од 16:30 часот, започнува новата сезона на „Мерак меана“, со препознатливата атмосфера исполнета со македонска народна музика, песна и вистинско меанско расположение. Познати музички имиња, омилени хитови и многу веселба ќе бидат дел и од новата сезона.

Вечерната програма продолжува во 18:00 часот со „Листа за 300“, лиценциран квиз шоу со високи парични награди кои на учесниците им дава шанса да станат победат ако ја завршат листата со прашања.

Забава, култура и песни во викенд програмата на Сител телеввизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И петочниот прајмтајм е резервиран за политика на МРТ 1, но надворешна

Од понеделник до петок во 20.30 часот, веднаш по централниот Дневник, во новата програмска сезона …

error: Содржината е заштитена!