Уште едно големо меѓународно признание за турската телевизиска продукција.

Популарната драмска серија „Правда за Лејла“ (Leyla: Hayat… Aşk… Adalet…) се најде меѓу номинираните за престижнитемеѓународни Emmy Awards, едни од најзначајните награди за телевизиски продукции создадени надвор од САД.

Серијата е номинирана во категоријата најдобра теленовела со што доби признание и надвор од Турција, каде што привлече големо внимание уште од почетокот на емитувањето.

„Лејла“ ја раскажува приказната за младата девојка, чиј живот уште во детството е одбележан од голема семејна трагедија.

Години подоцна, таа се враќа решена да се соочи со злобната маќеа, но нејзините планови се усложнуваат кога повторно ќе се сретне со љубовта од детството.

Номинацијата за International Emmy е уште една потврда за сè поголемото присуство на турските серии на светскиот телевизиски пазар. Турските продукции во последните години се продаваат и емитуваат во голем број земји, а нивните актери стануваат препознатливи и надвор од домашниот пазар.

Освен „Лејла“, за престижната награда е номинирана и новата турска серија „Далечен град“. Во моментов Лејла ја следиме на програмата на Сител телевизија, а дали и каде ќе пристигне Далечниот град, останува да видиме.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
