Почетна / Серии / Последни адреналински сезони од „Итна служба: Тексас“ на полноќ

Последни адреналински сезони од „Итна служба: Тексас“ на полноќ

Познатата серија од популарната франшиза продолжува со последните сезони. “Итна служба Тексас” за нови адреналински ноќни акции.

И во новите сезони ги следите згодите и незгодите на капетанот Овен Странд и неговиот тим, кои мора да се обидат да најдат рамнотежа помеѓу нивната должност да ги спасат оние што се најзагрозени и да ги решат своите лични проблеми.

Искуството на Овен во пружање на прва помош по трагичните терористички напади од 11 септември, го носат и во Остин, каде има за цел да го обнови тимот на станицата 126.

За Овен и неговата екипа, следуваат непредвидливи ситуации во борбата меѓу животот и смртта. Опасноста ќе ги демне постојано, а хуманоста ќе ги води низ најтешките задачи кои стојат пред нив. Храбриот тим од Тексас во низа спасувачки акции, секоја ноќ на Сител на полноќ.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Исус до поп Мики во „Попадија“: Необичните улоги на Дејан Буќин

Публиката од комичната серија на Алфа – „Попадија“ го препознава како поп Мики, сопругот на …

error: Содржината е заштитена!