КК МЗТ Скопје Аеродром добива нова поддршка во пресрет на предизвиците на домашната, регионалната и европската сцена. PROTEINI.SI, еден од најпрепознатливите брендови во областа на спортската исхрана и суплементите, станува нов спонзор на сино-белите.
Партнерството обединува два бренда кои ги поврзуваат енергијата, дисциплината, секојдневната посветеност и постојаната желба за напредок. За МЗТ Скопје, поддршката од PROTEINI.SI претставува дополнителен импулс во остварувањето на високите спортски амбиции, додека за компанијата ова е можност уште посилно да застане зад професионалниот спорт и кошарката.

Како најголем специјализиран ланец од овој тип во Европа, PROTEINI.SI располага со вкупно 80 продавници, од кои седум се во Македонија. Во својата понуда компанијата има квалитетни и проверени производи од областа на спортската исхрана и суплементацијата, меѓу кои и производи од сопствено производство.
– МЗТ Скопје е симбол на победнички карактер, истрајност и силна поврзаност со своите навивачи. Тоа се вредности кои целосно се совпаѓаат со филозофијата на PROTEINI.SI. Зад секој голем резултат стојат дисциплина, правилна подготовка и тим кој верува во заедничката цел. Затоа ни претставува особено задоволство што стануваме дел од сино-белото семејство и што ќе го поддржиме клубот во сезона исполнета со големи предизвици. Не сакаме нашето присуство да биде видливо само преку логото на дресот, туку и преку конкретни активности со клубот, кошаркарите и навивачите – изјави Горан Томовски, директор на PROTEINI.SI Македонија.

Новата соработка ќе отвори простор и за заеднички активности преку кои спортската публика ќе се доближи до темите поврзани со правилната исхрана, квалитетната подготовка, регенерацијата и здравите животни навики. Посебно внимание ќе биде посветено на содржини и активации наменети за навивачите, младите спортисти и пошироката кошаркарска заедница.
Од МЗТ Скопје изразуваат задоволство што уште еден сериозен и спортски ориентиран бренд ја препозна визијата на клубот и одлучи да биде дел од неговата следна страница.
Во сезоната во која сино-белите ќе се натпреваруваат на домашната сцена, во АБА2 лигата и во ФИБА Еврокупот, поддршката од стабилни партнери има особено значење. Влегувањето на PROTEINI.SI во спонзорското семејство е уште една потврда за довербата во проектот, организацијата и амбициите на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб.
МЗТ Скопје и PROTEINI.SI од денес играат во ист тим – со заедничка енергија, јасна цел и победнички пристап кон секој следен предизвик.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
