Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Познатите ТВ емисии продолжуваат на Телма со нови сезони

Познатите ТВ емисии продолжуваат на Телма со нови сезони

Телма влегува во новата телевизиска сезона со богата дневна програма, актуелни теми, разговори, здравство, забава, награди и политички дебати.

Секое утро од 07:15 часот денот започнува со „Утринска на Телма“, со актуелни информации, интересни теми и гости. Дел од утринската програма се и разговорите на Горан Петрески со добро одбраните гости, кои започнуваат во 10:30 часот.

Од 13:00 часот, веднаш по италијанската хит сапуница и вестите, следува „Телма Амбуланта“, емисија посветена на здравјето, со разговори, совети и теми од областа на медицината.

Забавата започнува во 14:40 часот по хит теленовелата со познатиот квиз на знаење и игра. Гледачите заедно со водителката Тина ќе можат да го вртат тркалото, да одговараат на прашања и да освојуваат награди.

Во 16:15 часот продолжува контактната емисија со Тина, во која гледачите директно се вклучуваат во програмата и ги споделуваат своите ставови за актуелни политички, општествени и секојдневни теми.

А по централните вести, наскоро започнува и новата сезона на политичките дебати на Телма, со актуелни гости, анализи и разговори за темите што ја одбележуваат политичката и општествената сцена.

Телма има содржини и за доцните вечерни часови. По трилер-серијата, од 23:15 часот следува ново издание на шоу-магазинот „Бекстејџ“, со најновите приказни од светот на забавата и шоу-бизнисот.

Од рано наутро до доцна навечер, новата сезона продолжува на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се најскапите реални шоуа во историјата на бугарските телевизии

Колку чини создавањето на едно големо телевизиско реално шоу? Одговорот не е едноставен, бидејќи телевизиите …

error: Содржината е заштитена!