По завршетокот на “Заблуда”, Канал 5 ја започнува новата сезона со нова серија, снимена минатата година. Втор живот е мини семејна драма која на малите екрани ги враќа Керем Бурсин (Немирно лето), Дениз Чакир (Ифет) и Сибел Ташчиоглу (Шербет од брусница).

Асли е млада девојка која има сериозно срцево заболување и долго време чека трансплантација. Нејзиниот живот се менува кога Мелике, ќерка на богато семејство, ненадејно умира и нејзиното срце е трансплантирано кај Асли.

По трансплантацијата, Рејхан, мајката на Мелике, дознава дека срцето на нејзината почината ќерка сега чука во Асли и почнува да се зближува со неа. Асли така постепено влегува во животот на семејството Алкан, иако не сите во семејството се задоволни од тоа.

Особено сомничав е Арас, кој мисли дека Асли и нејзината мајка Хулија можеби ја искористуваат болката на Рејхан за да се стекнат со богатството на семејството. Поради тоа, односот меѓу Асли и Арас на почетокот е исполнет со недоверба и конфликти, но со текот на времето тие почнуваат да се зближуваат.

Како што се развива љубовта меѓу Асли и Арас, така почнуваат да се откриваат и тајни поврзани со Мелике и односите во семејството Алкан.

Од понеделник до петок во 19.45 часот со реприза вечерта во 23.45 часот и наредниот ден во 13.00 часот – Втор живот, серија за болката, надежта и љубовта.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
