Српската серија „Попадија“ уште од своето појавување привлече внимание со поинаквиот и комичен поглед кон животот на едно младо свештеничко семејство. Во центарот на приказната се поп Мики и неговата сопруга Деса, чиј модерен начин на живот тешко се вклопува во очекувањата на традиционалната средина.

Токму ликот на Деса, која ја игра Нина Сеничар, стана еден од најпрепознатливите елементи на серијата. Наместо класична претстава за попадија, гледачите добиваат модерна, директна и своеглава жена која не се откажува лесно од навиките и ставовите што ги имала пред да стане сопруга на свештеник.
Но хумористичниот пристап кон црковниот живот не помина без реакции. По почетокот на емитувањето се појавија и критики од црковни кругови, според кои начинот на кој се прикажани свештеникот, попадијата и одредени ситуации поврзани со верата и традицијата преминува во исмевање.

Од друга страна, токму судирот меѓу современиот начин на живот на Деса и традиционалната средина е основата врз која е изградена комедијата во серијата. Наместо идеализирани ликови, „Попадија“ ги претставува своите јунаци со слабости, недоразбирања и секојдневни проблеми.

Поради тоа, серијата отвори и поширока дилема меѓу гледачите, дали „Попадија“ само преку хумор си поигрува со стереотипите или во одредени моменти оди предалеку во прикажувањето на црквата и свештеничкиот живот?

Од понеделник до петок во 21.21 часот, оваа есен на Алфа телевизија.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
