Почетна / Сапуници / Мексиканските теленовели се враќаат и на бугарските телевизии

Мексиканските теленовели се враќаат и на бугарските телевизии

По подолга пауза, класичните мексикански теленовели се враќаат на бугарскиот ТВ-етер. Од 19 септември, bTV Story започнува со емитување на хит-серијата „Cabo“ од 20:00 часот, со по две епизоди.

„Cabo“ е мексиканска теленовела на Televisa со 85 епизоди и претставува нова адаптација на класичната приказна „Tú o nadie“ (чии верзии како “Заливот Акапулко” и “Магична привлечност” ги гледавме и кај нас).

Во центарот на приказната е Софија, чиј живот се превртува по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг Алехандро. Кога пристигнува во Кабо, таа среќава човек кој изгледа идентично како него, но се претставува под друго име. Следуваат измами, семејни тајни, борба за наследство, љубов и одмазда.

Главните улоги ги толкуваат Барбара де Регил, Матијас Новоа, Диего Амозурутија и Ева Седењо.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По „Кафе“ и „Бездушна“, Жељко Јоксимовиќ носи уште една новела

Српската телевизија К1 во сопственост на познатиот Жељко Јоксимовиќ и во новата ТВ сезона ќе …

error: Содржината е заштитена!