Почетна / Филм / Телма премиера на документарецот на Манчевски за пожарот во Кочани

Телма премиера на документарецот на Манчевски за пожарот во Кочани

Документарецот „Добри луѓе “ на Милчо Манчевски за трагедијата во Кочани, почнува во тишината на оризовите полиња, снимени со дрон и со мрачен рефрен на виолончело од Новоградска. Идиличен пејсаж, светлина, вода, бавен ритам, свет што изгледа далеку од секоја трагедија. Тоа е увертирата пред најтрауматската македонска ноќ: пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Документарецот од 86 минути започнува со опишување на трагедијата во ноќниот клуб, при што преживеаните на некои од нив може да се забележат траги од изгореници на вратот и рацете споделуваат морничаво слични искуства. Почетокот на пожарот нашироко бил погрешно сфатен како специјален ефект што го извела „ДНК“ која во тој момент настапувала, а пламените јазици се ширеле побрзо отколку што посетителите можеле да сфатат што се случува.

Филмот е снимен во продукција на „Банана филм“ со приватни средства на Милчо Манчевски, снимател е Иван Ивановски, монтажата е на Мишко Чунухин, а музиката на Игор Василев Новоградска.

– Сакав да се забележат чувството, размислувањата и случувањата на луѓето што директно се соочиле со оваа трагедија. Намерата на филмот беше да им дадеме платформа, а ние филмаџиите да се повлечеме во втор план, затоа што забележав дека кај нас последниве децении многу робусни работи се случуваат, за нив сите зборуваат, а најретко зборуваат тие на кои директно им се случиле. Се разбира, ние имавме голем ангажман во сортирањето, во организирањето и во плетењето на големата слика од сите тие индивидуални приказни. Идејата остана ова да биде еден аскетски, еден минималистички филм кој ќе биде документарен филм, но ќе биде и документ и ќе биде платформа за луѓето кои поминаа низ овој пекол. Филмот почнавме да го снимаме само еден месец после трагедијата. Имам пријател, кој е психијатар, кој вели дека во тоа време нема ни ПТСД (посттрауматско нарушување), туку има само шок. Довербата што луѓето од Кочани ја имаа во нас ме чини да се чувствувам почестено и огромна е почитта што ја имам кон луѓето од Кочани затоа што ми веруваа. Мислам дека тие видоа дека ние не сакаме ниту да правиме сензација, ниту да тераме политика, туку сакавме да им дадеме можност да ја искажат својата приказна и својата болка – рече Милчо Манчевски на промоцијата на филмот во Куршумли ан, во рамките на „Македокс“.

„Добри луѓе“ не ги истражува структурните недостатоци и причините што овозможиле да се случи оваа катастрофа, но нè потсетува на леснотијата со која нашиот современ свет може да се врати во средновековните времиња и на одговорноста што ја имаме да го спречиме тоа.

Документарецот на Манчевски неодамна имаше светска премиера на Сараевскиот фестивал, по што имаше и бројни одгласи. Во рецензијата на Мелита Зајц се вели:

„Кога последен пат се прашавте дали сте добар човек? Со својот најнов филм, реномираниот македонски режисер Милчо Манчевски ќе ве натера да размислите за тоа. Едноставно, набљудувајќи ги протагонистите на документарецот и обраќајќи им се на вашиот ум и на вашите чувства, тој болно ќе ве освести дека човештвото ја заборавило важноста да се биде добар човек…

Манчевски, прашан за тоа како и дали филмот можеби ќе влијае на судскиот процес, истакна: „Јас сум режисер, а не судија“.

По промоцијата, Добри луѓе ексклузивно на Телма телевизија. 3 септември (четврток), 22.15 часот. Моменти за тишина и поклон кон добрите луѓе.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кратките и неми филмови со Чарли Чаплин ова лето на ТВ 24

Секоја вечер околу 21:30 часот, непосредно пред почетокот на последните вести на ТВ 24, се …

error: Содржината е заштитена!