Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, денеска, ќе се одржи македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, кој е во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец.

– На 20 август, во Пустец, заедно ќе ја прославиме македонската традиција, култура и фолклор. Ве покануваме на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа 2026“ — вечер исполнета со македонски ора, песни, носии и традиција. Ве очекуваме да бидеме заедно и да покажеме дека македонскиот дух живее и се слави, објави Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“.
Додава дека оваа значајна манифестација се одржува под мотото „Македонија обединува“, од каде ќе се испрати пораката дека „фолклорот ги чува корените, традицијата ја гради иднината”.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
