Од есен, на приватната Прва телевизија во Србија покрај нови реални и талент шоуа, се најавуваат и нови домашни серии што ќе го задржат вниманието на редовната публика.

“Zaklela se zemlja raju” e љубовна приказна за младата Ана која се враќа во Белград носејќи дете, а Манојло заминува за Италија, не знаејќи дека оставил наследник зад себе.

Во свет каде што разликите меѓу богатите и сиромашните се непремостливи, нивната љубов ќе остане тивка и бесмртна, а украдената судбина ќе донесе низа пресврти во животите на новите ликови на Прва.

Покрај оваа драмска серија, на Прва со нови епизоди продолжува и сапуницата “Igra sudbine”, чии први сезони имавме прилика да ги следиме и на Алфа телевизија. Се работи за серија со над 2.000 епизоди која веќе шест години секојдневно се прикажува на Прва.

Покрај овие две секојдневни сапуници, Прва српска ТВ ќе ги емитува и :
– Ceca & Ljuba (spin off на познатата “Попадија”), која на хумористичен и искрен начин, го прикажува секојдневниот живот на еден долг брак, брачните предизвици и разликите меѓу двајца сопружници.

– Marina i Futa (spin off на филмот “Недеља”), чие дејство ќе биде сместено во 80тите години од минатиот век, а ќе ги прати животите на познатата Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Радуловиќ Фута.

Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
