По завршување на летната сезона, од септември, хрватската Нова телевизија во програмата ја враќа маратонската сапуница “Кумови” која веќе пет години со голем успех се емитува во Хрватска.

Драмедијата чии први сезони имавме прилика да ги следиме кај нас на Алфа телевизија, не престанува да го предизвикува вниманието на гледачите во Хрватска со згодите и незгодите во селото Заглав.

Познатите ликови ќе се соочат со тешки одлуки, емоционални распади и врски што ќе бидат ставени на тест, додека доаѓањето на нови ликови дополнително ќе го разбранува нивниот веќе напнат секојдневен живот.

Освен Кумовите, на Нова започнува и новата семејна комедија “Случајно семејство”.

Се работи за оригинална приказна каде еден младоженец кој бега од сопствената свадба, една келнерка која бега од насилниот партнер и еден младич кој го напуштил домот за сираци, решаваат да склучат пакт и да се претстават како среќно семејство за да би преживеале.

Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
