Почетна / Филм / Петок, 19 јуни, Телма | Нордиската трилер драма „Копенхаген не постои“

Петок, 19 јуни, Телма | Нордиската трилер драма „Копенхаген не постои“

Ида има дваесетина години и потекнува од добро ситуирано семејство. Еден ден исчезнува без никаква трага. Нејзиниот љубовник Сандер доброволно се согласува да биде затворен во еден стан, каде што таткото и братот на Ида го испрашуваат.

Намерите на овој безгрижен невработен маж се нејасни – тој живее во пријатни спомени за неговата и Идината романтична фаталност, од типот „ние против целиот свет“. Во низа прашања и одговори, Сандер не ја открива целата вистина, станувајќи несигурен раскажувач. Но, дали тој воопшто ги има одговорите? Или исчезнувањето на Ида е само „негова приказна“?

Постепено, во оваа мистерија на чувства, сеќавања и трауми, се откриваат сите непознати димензии на изборите што ги направиле двајцата кревки љубовници.

Петок, 19 јуни 2026 година, Телма телевизија – премиера на “Копенхаген не постои”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмски викенд на Телма со американски трилери и француски драми

И овој викенд, богата филмска програма во ноќните часови на телевизија Телма. Викендот започнува со …

error: Содржината е заштитена!