Почетна / Серии / Биографската серија за „Тома“ Здравковиќ секоја недела на Алфа

Биографската серија за „Тома“ Здравковиќ секоја недела на Алфа

Секоја недела во 20 часот на Алфа телевизија – една од најпознатите српски серии во последната деценија.

Замислена како импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, серијата „Тома“ ни ги прикажува самите неговите почетоци, врвот на славата, неговата љубови кои го инспирирале да ги компонира некои од неговите најголеми хитови, но и односот со голем број пријатели кои ги имал во тогашното уметничко милје во тогашна Југославија.

Покрај Тома, низ серијата ги следиме и животите на познатите уметници од тоа време како Зоран Радмиловиќ, Мика Антиќ, Тозовац и други.

„Тома“ е биографска серија за Тома Здравковиќ, човек кој го паметиме не само по неговите песни и начинот на кој ги изведуваше, туку и како еден голем боем – во однесувањето и во душа. Серијата следи две дејствија: 1991 година го следиме односот на Тома со докторот кој почнува да го лекува и како тоа познанство се претвора во пријателство.

Втората линија го следи животот на Тома од детството во Печењевице, преку познанството со Силвана Арменулиќ која пресудно ќе влијае на неговата кариера, но и на приватниот живот, постигнување невидена популарност, но и дното на животот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Итна служба: Тексас“, нова полициска серија во познатиот термин

Една од најпознатите американски франшизи продолжува со нова и возбудлива серија. Овој пат, се селиме …

error: Содржината е заштитена!