Прајмтајм на МРТ 1 со американски филмови и оваа недела.

Вторник навечер се дружиме со Деми Мур и Виго Мортенсен во воена акција за една храбра жена, a среда возбудлива трилер мистерија за човек кој дознава дека е жртва на кражба на идентитет.

Џерард Батлер и Морган Фримен за почеток на мај. Тајниот агент Мајк Банинг е обвинет за атентат врз претседателот на САД поради што тој мора да ги избегнува својата агенција и FBI додека се обидува да докаже кој е виновникот.

Недела навечер го завршуваме викендот со Расел Кроу и Салма Хајек како пар во романтична комедија.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
