СДСМ соопшти дека поднеле кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе физички и правни лица, меѓу кои и сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија, поради сомнежи за перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги.
Според партијата, пријавата се однесува и на унгарскиот бизнисмен Питер Шац, како и управителите на компаниите „Таргет Медиа“ и „Алфа Скоп“, при што се тврди дека постои организирана шема на финансиски трансакции преку кои, од 2017 година наваму, во земјава биле префрлени околу 2,85 милиони евра. Од СДСМ наведуваат дека средствата биле прикривани преку фиктивни договори за маркетинг и рекламирање со компании без реална економска активност, како и преку таканаречени „shell-компании“, со цел заобиколување на законите за транспарентност.

Партијата тврди дека постојат сомнежи за внесување невистинити податоци во деловните книги и легализација на сомнителен капитал, додавајќи дека за случајот веќе имало постапка која, според нив, не е доведена до крај.
Достапните официјални податоци покажуваат дека унгарската врска во сопственоста на телевизијата одамна е јавна. Според објавената сопственичка структура на АВМУ од февруари 2026 година, ТВ Алфа е во стопроцентна сопственост на „Алфа Скоп“, а во таа фирма доминантен удел има CHS Invest Group, зад која како краен сопственик се наведува Питер Шац од Унгарија.
Со уреднички коментар се јави и засегнатата – Алфа телевизија.
| ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
