Почетна / Серии / Последна сезона на Телма од серијата за австриската императорка „Сиси“

Последна сезона на Телма од серијата за австриската императорка „Сиси“

Императорката доживува трагична судбина. По сериозна незгода при јавање на Крф, нејзиниот татко, Макс, неочекувано умира, и целото семејство се собира во Баварија за погребот.

Сиси е единствената којашто не присуствува, бидејќи Франц се плаши да ѝ ја каже вистината. Кога конечно пристигнува, Сиси дознава дека Макс го обложил семејниот замок на коњска трка и дека тој сега му припаѓа на страствениот одгледувач на коњи, Георг. Георг е посакуван ерген и го сметаат за најдобар џокеј во земјата. Тој исто така е и сопственик на најбрзиот коњ.

За да го врати семејниот имот, Сиси го предизвикува Георг на трка. Тој прифаќа, но има еден услов, таа лично да јава! Сиси се согласува и покрај тоа што по незгодата ветила дека никогаш повеќе нема да јава…

Од понеделник до четврток во 20.30 часот, последната сезона од “Сиси” на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатата вестерн сага „Јелоустоун“ во 22:15 часот на Телма телевизија

Во 2013 година, Тејлор Шеридан почна да работи на нова серија, откако се умори од …

error: Содржината е заштитена!