Почетна / Филм / Новата година на Телма ја стартуваме со музичката драма „Елвис“

Новата година на Телма ја стартуваме со музичката драма „Елвис“

Филмот „Елвис“, во режија на Баз Лурман, ја раскажува животната приказна на легендарниот музичар Елвис Присли низ призмата на неговиот комплексен и контроверзен однос со менаџерот, полковникот Том Паркер.

Нарацијата ја следи неговата неверојатна трансформација – од скромно момче од југот на САД до глобална музичка икона што ја промени поп-културата засекогаш.

Во фокусот се подемот до славата, огромниот притисок на индустријата, влијанието на афроамериканската музика врз неговиот стил, како и личните борби што го следат успехот. Филмот истовремено е и интимен портрет и визуелно спектакуларна хроника за цената на славата и борбата за идентитет на „Кралот на рокенролот“.

Премиерно на Телма, прв филм во новата година. Веднаш по завршеток на новогодишната телевизиска прослава во 01 часот следува “Елвис”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ 24 во зимски сон – никој не информира на веб страната за филмските наслови

Со оглед на тоа дека никој во телевизија 24 не ги ажурира филмските наслови на …

error: Содржината е заштитена!